Почетна » Новости » Шоу-бизнис » „Фели“ од „Млади бунтовници“ го доби второто дете и сподели фотографии со бебенцето

„Фели“ од „Млади бунтовници“ го доби второто дете и сподели фотографии со бебенцето

Анхелес Балбијани има среќна вест.

40-годишната аргентинска актерка, која кај нас се прослави по улогата на буцкастата Фели во „Млади бунтовници“, го доби второто дете. Анхелес сподели фотографии од синчето Косимо направени во болницата.

„Барав многу од животот, а животот ми даде сè“ – напиша среќната мајка.

На дел од фотографиите, Анхелес позира со Косимо моменти по породувањето. На една од фотографиите е овековечена првата средба на нејзиниот поголем син Бенхамин и новороденото братче.

Анхелес Балбијани Анхелес Балбијани Анхелес Балбијани Анхелес Балбијани

Косимо е дете на Анхелес и нејзиниот партнер Хуан, со кого е во врска три години. Синот Бенхамин таа го има од претходен брак, кој заврши со развод во 2019 година.

Анхелес Балбијани Анхелес Балбијани Анхелес Балбијани Анхелес Балбијани

Потсетете се како изгледаше Балбијани во серијата „Млади бунтовници“.

Анхелес Балбијани Анхелес Балбијани Анхелес Балбијани

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 14%
  • 24%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 27596 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.