Почетна » Новости » Шоу-бизнис » 20 години од „Млади бунтовници“: Актерите се потсетуваат на најубавите моменти од серијата

20 години од „Млади бунтовници“: Актерите се потсетуваат на најубавите моменти од серијата

Можеби не ви се верува, но поминаа 20 години од популарната серија „Млади бунтовници“. Токму на овој јубилеј, видео со главните ѕвезди во телевизиското шоу ќе ви пробуди носталгија.

Во него, Луисана Лопилато (Миа Колучи), Фелипе Колумбо (Мануел Агире) и Бенхамин Рохас (Пабло Бустаманте) се потсетуваат на прекрасните моменти за време на снимањето на епизодите и создавањето на бендот „Erreway“.

Недостасува само Камила Бордонаба, која ја глумеше Марица Пиа Спирито. Таа напиша писмо кое во нејзино име го читаше Фелипе.

Авантурите на младите бунтовници непрекинато ни го задржуваа вниманието пред малите екрани.

Луисана Лопилато сподели и фотографии на Instagram за да ја одбележи годишнината.

„Можете ли да поверувате? Поминаа 20 години од 'Rebelde Way'. Не можам да престанам да се присетувам на анегдоти и неверојатни моменти. Му благодарам на животот што бев дел од овој проект и тоа што работев со толку прекрасна група на луѓе“ – напиша таа во описот.

Млади бунтовници Млади бунтовници Млади бунтовници Млади бунтовници

Продуцентката Крис Морена сподели видеа за секој од ликовите.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11393 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.