Гордана Сиљановска-Давкова беше гостинка на приемот организиран од кралот Фелипе VI и кралицата Летиција во дворецот Алказар де Севиља.
72-годишната македонска претседателка позираше со претставниците на шпанското кралско семејство и седеше на нивната маса.
Сиљановска-Давкова сподели дека ѝ беше огромна чест што присуствуваше во дворецот со величествен амбиент и што доби можност да размени мислења за клучните предизвици на нашето време.

Со особена чест присуствував на приемот што го приредија Н. В. Кралот Фелипе VI и Кралицата Летиција во величествениот амбиент на кралската летна резиденција, дворецот Алказар де Севиља, прогласен за светско културно наследство на УНЕСКО.
Во срдечна атмосфера се водеа инспиративни разговори, во духот на заемна почит и разбирање.
Приемот се одржа во пресрет на 4. Меѓународна конференција за финансирање на развојот под покровителство на ОН, којашто ја нагласува потребата за одржлив развој, правичен пристап до финансиски ресурси и зајакнување на глобалната солидарност.
Искрена благодарност до домаќините за можноста да размениме мислења за клучните предизвици на нашето време.






