Мартија Станојковиќ шармираше на свадбена прослава.
21-годишната пејачка избра креација со мониста совршена за летните свечености која го истакна нејзиниот сексапил и ѝ ги откри тетоважите на грбот и рацете. Фустанот со длабоко деколте и гол грб доаѓа од Aries Aries кои објавија и видео од Мартија.





Станојковиќ беше дел од свадбената прослава на Марко и Ангела Стојковски од Скопје. Парот се вери во мај минатата година.





