Борис Бекер повторно ќе стане татко.
57-годишната тениска легенда објави дека го очекува ПЕТТОТО дете со 22 години помладата сопруга Лилијан. Во видеото споделено на социјалните мрежи,

„Мало чудо е на пат... најдоброто допрва доаѓа“ – напиша тој.




Ова е прво дете на Бекер и неговата нова сопруга, со која стапи во брак минатиот септември.



Поранешниот тенисер има четири други деца со три различни жени.
Борис стапи во брак со првата сопруга Барбара во 1993 година и заедно имаат две деца. Додека таа била бремена за второто дете, тој имал афера со келнерка која забремени од него. Иако на почетокот го негираше татковството, по направениот ДНК тест Борис прифатил дека е татко на девојчето и сега имаат заедничко старателство со мајката.
Во февруари 2009 година, Бекер стапи во брак со холандскиот модел Лили Керсенберг. Нивниот син се роди во 2010 година, а бракот им се распадна 8 години подоцна.


