Викендов Лорен Санчез и Џеф Безос се заколнаа на вечна љубов на островот Сан Џорџо Маџоре во Венеција.
55-годишната избраничка на славниот милијардер носеше венчаница од соништата, инспирирана од фустанот кој Софија Лорен го носеше во 1958 година во филмот „Houseboat“. Креацијата со 180 мали копчиња е дело на Долче и Габана, а за нејзината изработка биле потребни 900 часа.

„Фустанот е отстапување од она што го очекуваат луѓето, но многу личи на мене“ – рекла таа.







Листата со гости на свадбата вклучуваше повеќе од 200 имиња на славни личности, политичари и богаташи, кои беа забавувани од Матео Бочели додека младенците ги разменуваа своите завети. Орландо Блум, Бил Гејтс, Леонардо Дикаприо, Џесика Алба, сестрите Кардашијан и Џенер, Иванка Трамп со сопругот и Опра Винфри беа само дел од славните имиња на листата.













Лорен го додаде презимето на Џеф на своето и брзо по свадбата го промени на социјалните мрежи. Таа сега е Лорен Санчез Безос.
Трошоците за свадбениот ден се проценуваат на 20 милиони долари, но за тридневните прослави во Венеција, парот наводно потрошил 50 милиони долари.




Џеф и Лорен ја започнаа врската уште додека и двајцата беа во брак. Веста за нивната афера одекна во медиумите само неколку дена откако Џеф и неговата поранешна сопруга Мекензи објавија дека се разделуваат. Тие беа заедно 25 години.
