Почетна » Новости » Шоу-бизнис » Копија на тато: „Пабло“ од серијата „Млади бунтовници“ сподели фотографија со ќеркичката

Копија на тато: „Пабло“ од серијата „Млади бунтовници“ сподели фотографија со ќеркичката

Бенхамин Рохас сподели прекрасна фотографија со малата ќеркичка Рита, на која се гледа дека таа многу наликува на него.

Бенхамин Рохас

33-годишниот актер, кој се прослави кај нас со улогата на Пабло во серијата „Млади бунтовници“, има споделено уште неколку фотографии со Рита на својот профил на Instagram.

Бенхамин Рохас Бенхамин Рохас

Рохас стана татко неколку дена пред Нова година. Непосредно по враќањето дома со малото бебенце и саканата Мартина Санчез, тој сподели фотографија и ја објави среќната вест.

„Дојде за да ми го преврти светот наопаку. И го постигна тоа. Денес се вративме дома откако поминавме 13 дена на оддел за неонатологија, место кое никогаш нема да го заборавам, поради професионалноста и љубовта која ја имаат за да се справуваат со толку деликатна работа... Таму поминавме низ сите емоции со мајката. Таму ги поминавме Божиќ и Нова година. Поминавме сè. Но, вредеше. Добредојде љубов моја. Сега, навистина е среќна година за сите“ – напиша тој во описот.

Бенхамин Рохас

Аргентинскиот актер и продуцентката се во врска 7 години, а се запознале во телевизиската куќа Телефе.

Бенхамин Рохас

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11140 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.