Почетна » Новости » Шоу-бизнис » Софија Вергара и Ким Кардашијан најплатени ТВ актерки

Софија Вергара и Ким Кардашијан најплатени ТВ актерки

Софија Вергара има многу причини за радување и славење. На почетокот на годината познатиот портал за мажи AskMen ја прогласи за најпосакувана жена на светот, нејзината серија „Modern Family“ собира во просек по 12 милиони гледачи пред ТВ екраните, неодамна го прослави 40. роденден во Мексико каде се верува дека нејзиниот партнер ја побара за жена, а сега Forbes објави дека таа е и најплатена ТВ актерка.

Убавата Вергара во изминативе година дена заработила 19 милиони долари, благодарение на актерските способности, но и на учеството во реклами за брендови како „Cover Girl“ и „Diet Pepsi“.

На второто место на листата е телевизиската ѕвезда Ким Кардашијан. Иако некои луѓе би рекле дека Ким не е актерка, сепак поради заработката од 18 милиони долари Forbes ѝ го додели второто место на листата на најплатени ТВ актерки.

Третото место го доби Ева Лонгорија, а на четвртото се најде Бетани Френкел.

Погледнете кои се десетте најплатени ТВ актерки и колку заработиле во периодот од мај 2011 до мај 2012:

Софија ВергараКим КардашијанЕва ЛонгоријаБетани ФренкелКлои КардашијанТина ФејМаришка ХаргитејЗои ДешанелФелисити ХофманЕлен Помпео

1. Софија Вергара

Заработка: 19 милиони долари

Освен за учеството во серијата „Modern Family“, Софија заработува и од нејзината колекција облека за KMart, а исто така и од рекламите за Cover Girl, Burger King и Diet Pepsi.

2. Ким Кардашијан

Заработка: 18 милиони долари

Свадбата на Ким со Крис беше прикажана во 4-часовна емисија на телевизијата E! и привлече над 10 милиони гледачи. Само 72 дена подоцна Ким се разведе.

Медиумите активно известуваа за пресвртите во животот на Ким и таа за 12 месеци се најде на насловната на 63 списанија. Семејството Кардашијан потпиша договор вреден 60 милиони долари со телевизијата E! за три нови сезони од нивното шоу. Ако на ова ги додадеме колекциите облека, парфемите, учеството во реклами, не е тешко да се види од каде доаѓа големата сума во паричникот на Ким.

3. Ева Лонгорија

Заработка: 15 милиони долари

За секоја епизода од серијата „Desperate Housewives“, Ева добиваше по 375.000 долари. Неодамна таа започна со снимањето на нова серија, а исто така продуцира и риалити шоу („Ready For Love“) за телевизијата NBC.

Лонгорија добро заработи и од учеството во реклами за L'Oreal Paris и Pepsi.

4. Бетани Френкел

Заработка: 12 милиони долари

5. Клои Кардашијан

Заработка: 11 милиони долари

6. Тина Феј

Заработка: 11 милиони долари

7. Маришка Харгитеј

Заработка: 10 милиони долари

8. Зои Дешанел

Заработка: 9 милиони долари

9. Фелисити Хофман

Заработка: 9 милиони долари

10. Елен Помпео

Заработка: 9 милиони долари

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 12084 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.