Почетна » Новости » Животни стории » Марио од 2Бона: „Девојката ми кажа дека не може да остане трудна... И да немам деца, би останал со неа“

Марио од 2Бона: „Девојката ми кажа дека не може да остане трудна... И да немам деца, би останал со неа“

Марио Јелиќ-Кун одлучи да си ја отвори душата и да сподели детали за приватниот живот за кои претходно не сакал да зборува.

31-годишниот пејач на групата 2Бона се отвори за моментите кога неговата идна сопруга Исидора Станојевиќ му кажала дека не може да остане трудна и да износи свои деца поради синдром со кој е родена. Во подкастот на Лазаров, Марио сподели дека тоа воопшто не му било важно, бидејќи неговата љубов кон Исидора била преголема.

„Девојката ми кажа дека не може да остане трудна, но мене тоа не ми беше битно!“ – стои во описот на видеото.

Марио Јелиќ-Кун

Парот, кој се вери минатиот октомври, има три успешни ембриони и се надева дека ќе има свои деца со помош на сурогат-мајка.

„Многу беше зрело за нејзините години, затоа што ми го кажа тоа уште пред што било сериозно да имаме јас и таа. Ми кажа: ‘Не можам да останам трудна’, родена сум со синдром. Мене тоа не ми е битно, битно ми е да сум среќен со неа. Јас не сум со неа затоа што таа може мене да ми роди деца. Благодарение на медицината што е толку напредна во ова време, ние имаме успешни три ембриони кои чекаат само да се лансираат во сурогат-мајка, која ќе ги износи 9 месеци и ќе имаме наши деца со наши гени.“

„Во нејзината ситуација е благослов, затоа што нејзиниот синдром овозможува да може да има свои деца. Фактички има здрави јајце-клетки кои се спојуваат со семето на мажот и ние можеме да створиме ембриони“ – рекол Марио.

Марио Јелиќ-Кун Марио Јелиќ-Кун

Пејачот не крие дека премногу ја сака сопругата и дека бил подготвен да биде со неа, па дури и по цена да нема деца.

„И да немам деца би останал со неа, не ме интересира. Не ми е тоа битно. Мене ми е најбитно да сум среќен и да не бегам од дома. Мене ми е убаво да седам дома со неа. Не ми треба ништо повеќе од дружбата со моите браќа и со мојот кум во студио, а после тоа да одам дома да бидам со мојата жена, да имам фина вечера, фин разговор. За што повеќе би мечтаел човек. Среќен сум, убаво ми е, се будам секое сабајле благодарен на Бог за сè што имам. Јас мислам дека тоа е прав благослов што може човек да го доживее“ – рекол тој.

Марио одлучил да зборува за личниот живот за да ги охрабри оние девојки и момци кои се соочуваат со слична ситуација.

„Ова порано го сметав за слабост и затоа не сум го зборувал, сега го сметам како моќ, како голем успех, затоа што откако ја запознав Исидора сфатив колку е овој случај чест, а не редок. Не ѝ се случува на една во милион, туку на една во 3-4 илјади девојки и тоа не значи дека животот застанува.“

„Затоа го зборувам ова. Види ме, насмеан сум, не сум тажен, не го зборувам ова за да жалиме. Ова го зборувам затоа што животот не прекинува. Децата не се сè во животот. Јас сум сè во животот, мојата љубов е сè во животот. Важно е да сме среќни и да уживаме во секој ден, во секој момент“ – рекол Марио.

Марио Јелиќ-Кун

Целиот подкаст на Лазаров со 2Бона во продолжение:

Откако приказната на парот наиде на голем интерес, Лазаров најави продолжение во кое Исидора ќе ја раскаже сторијата од нејзин агол.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 14%
  • 24%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 27062 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.