Почетна » Новости » Шоу-бизнис » Орландо Блум и Кети Пери потврдија дека раскинаа 6 години по веридбата, ќе се фокусираат на ќеркичката

Орландо Блум и Кети Пери потврдија дека раскинаа 6 години по веридбата, ќе се фокусираат на ќеркичката

Денови откако веста за нивната разделба го шокираше светот, Орландо Блум и Кети Пери потврдија дека повеќе не се заедно.

40-годишната пејачка и 48-годишниот актер преку свои претставници објавија дека иако не се поврзани на романтичен начин, ќе продолжат како семејство да ја растат и воспитуваат ќеркичката Дејзи Доув, која има 4 и пол години.

Орландо Блум и Кети Пери Орландо Блум и Кети Пери

„Поради големината на неодамнешниот интерес и разговорите околу врската на Орландо Блум и Кети Пери, претставници потврдуваат дека Орландо и Кети ја променија нивната врска во изминатите неколку месеци за да се фокусираат на ко-родителство. Тие ќе продолжат да се гледаат како семејство, бидејќи нивниот заеднички приоритет е и секогаш ќе биде да ја израснат нивната ќерка во љубов, стабилност и меѓусебно почитување“ – стои во заедничката изјава.

Орландо Блум и Кети Пери Орландо Блум и Кети Пери

Врската на Орландо и Кети со прекини траеше 9 години. Тој ја запроси пејачката на 14 февруари 2019 година, а во март 2020 година објавија дека го очекуваат првото дете.

Орландо Блум и Кети Пери Орландо Блум и Кети Пери

Орландо сам беше на свадбата на Лорен Санчез и Џеф Безос која се одржа изминатиот викенд.

Орландо Блум и Кети Пери

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 14%
  • 24%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 27134 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.