Почетна » Новости » Шоу-бизнис » 10 актерки со најголема заработувачка во Холивуд – 2014

10 актерки со најголема заработувачка во Холивуд – 2014

Актерките во Холивуд заработуваат значително помалку од актерите според „Форбс“. Најплатените дами во филмската индустрија во изминативе година дена заработиле речиси двојно помалку од нивните колеги од посилниот пол. Десетте актерки со најголема заработка успеале да присвојат вкупно 226 милиони долари, додека најплатените актери оствариле приходи од вкупно 419 милиони долари.

Сандра Булок е на врвот на новата листа Најплатени актерки со заработка од 51 милион долари. Филмската ѕвезда значително го зголеми своето богатство благодарение на хитот „Gravity“.

Џенифер Лоренс го задржа второто место кое ѝ припадна и минатата година, додека Анџелина Џоли која минатата година беше на првото место, сега застана на петтата позиција заедно со Камерон Дијаз.

Погледнете кои се најплатените холивудски актерки и колкава е нивната заработувачка:

Најплатени актеркиНајплатени актеркиНајплатени актеркиНајплатени актеркиНајплатени актеркиНајплатени актеркиНајплатени актеркиНајплатени актеркиНајплатени актеркиНајплатени актерки

1. Сандра Булок

Заработка: 51 милиони долари

„Gravity“ можеби не ѝ донесе Оскар на Булок, но затоа пак го награди нејзиниот талент со огромен финансиски успех.

2. Џенифер Лоренс

Заработка: 34 милиони долари

„The Hunger Games“ и „X-Men: Days of Future Past“ се филмските проекти кои ја поставија младата оскаровка меѓу најплатените ѕвезди.

3. Џенифер Анистон

Заработка: 31 милиони долари

Анистон сѐ уште заработува од мегапопуларната серија „Friends“, но и од новите филмови „Horrible Bosses“ „We're the Millers“, како и од договорите со брендовите „Aveeno“ и „Vitamin Water“.

4. Гвинет Палтроу

Заработка: 19 милиони долари

„Iron Man 3“ е заслужен за солидната заработка на Палтроу, која има и профитабилни договори со „Max Factor“ и „Hugo Boss“.

5. Анџелина Џоли

Заработка: 18 милиони долари

6. Камерон Дијаз

Заработка: 18 милиони долари

7. Скарлет Јохансон

Заработка: 17 милиони долари

8. Ејми Адамс

Заработка: 13 милиони долари

9. Натали Портман

Заработка: 13 милиони долари

10. Кристен Стјуарт

Заработка: 12 милиони долари

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11175 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.