Почетна » Новости » Шоу-бизнис » Forbes: Најплатени музичари за 2012

Forbes: Најплатени музичари за 2012

Поп-ѕвезди, рапери и рок икони се најдоа на листата на „Forbes“ за најплатени музичари за 2012 година.

На првото место застана Др. Дре, но не поради огромна продажба на неговите песни и албуми, туку поради неговиот бизнис со слушалки. Линијата слушалки „Beats“ му донесе на Дре 100 милиони долари, откако HTC за 300 милиони долари купи 51% од акциите на неговата компанија.

Благодарение на турнејата „The Wall Live“, рокерот од Pink Floyd, Роџер Вотерс, заработи 88 милиони долари и застана на второто место.

Др. Дре и Роџер ВотерсДр. Дре и Роџер Вотерс

Елтон Џон за 100 одржани концерти заработи 80 милиони долари, сосема доволни за да го заземе третото место.

Популарните U2 го добија четвртото место со заработувачка од 78 милиони долари. Најголем дел од таа сума доаѓа од турнејата 360, која во период од три години им донесе на славните музичари 736 милиони долари.

Обединувањето на машката музичка група Take That беше добра бизнис зделка за членовите. Само од осум концерти во Лондон тие заработија 61 милион долари. Со вкупна заработувачка од 69 милиони долари, тие се најдоа на петтото место.

Најплатени музичари

  1. Др. Дре – 110 милиони долари
  2. Роџер Вотерс – 88 милиони долари
  3. Елтон Џон – 80 милиони долари
  4. U2 – 78 милиони долари
  5. Take That – 69 милиони долари
  6. Бон Џови – 60 милиони долари
  7. Бритни Спирс – 58 милиони долари
  8. Пол Мекартни и Тејлор Свифт – 57 милиони долари
  9. Џастин Бибер и Тоби Кит – 55 милиони долари
  10. Ријана – 53 милиони долари
  11. Лејди Гага – 52 милиони долари
  12. Foo Fighters – 47 милиони долари
  13. Пи Диди и Кети Пери – 45 милиони долари
  14. Кени Чесни – 44 милиони долари
  15. Бијонсе – 40 милиони долари
  16. Red Hot Chili Peppers – 39 милиони долари
  17. Џеј-Зи – 38 милиони долари
  18. Coldplay – 37 милиони долари
  19. Адел и Кание Вест – 35 милиони долари
  20. Мајкл Бубле – 34 милиони долари
  21. Шаде – 33 милиони долари

Листата е составена врз основа на заработката на ѕвездите во периодот од мај 2011 до мај 2012.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 10%
  • 26%
  • 64%
Се испраќа...

(Вкупно: 9504 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.