Почетна » Новости » Актуелно » „Прв роденден без тебе, наместо насмевки – празнина“: Емотивна исповед на сопругата на Филип од ДНК

„Прв роденден без тебе, наместо насмевки – празнина“: Емотивна исповед на сопругата на Филип од ДНК

На денот кога изминаа точно шест месеци од смртта на музичарот и клавијатурист Филип Стевановски, член на групата ДНК, неговата сопруга Ирена Крстевска Стевановска со длабока тага го дочека нејзиниот роденден.

Ден што некогаш бил исполнет со радост и изненадувања од Филип, сега за неа и малата ќерка Лора е болен потсетник на празнината што ја оставил зад себе.

Во емотивната објава на социјалните мрежи, Ирена напиша:

Ирена Крстевска Стевановска

Денес е мојот прв роденден без тебе… Ден кој секогаш беше исполнет со радост, изненадувања и твојата љубов што знаеше да ми го направи секој миг посебен. А сега, наместо насмевки и честитки, чувствувам празнина која ништо не може да ја исполни.

Токму денес, кога требаше да славам, се навршуваат 6 месеци откако сме без тебе. Половина година без твојата насмевка, без твојот глас, без твојата топлина. Половина година во која и јас и Лора учиме да живееме со болката, но и со гордоста што те имавме во нашиот живот.

Те сакаме бескрајно.

Во моето срце и во срцето на Лора ќе живееш засекогаш.

Ирена Крстевска Стевановска Ирена Крстевска Стевановска

Филип загина во ужасниот пожар во дискотеката „Пулс“ на 16 март. Вчера во Кочани се одржа „Марш за ангелите“, а на плоштадот „Македонија“ во Скопје имаше мирен собир во чест на починатите жртви.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 24%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 29053 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.