Почетна » Новости » Актуелно » Браво Македонијо! За само 48 часа собрани 1.500.000 денари за спас на предвреме роденото бебенце

Браво Македонијо! За само 48 часа собрани 1.500.000 денари за спас на предвреме роденото бебенце

Неверојатни нешта се случуваат кога сме сплотени како народ.

За само 48 часа беа собрани 1.500.000 денари за спас на предвреме родено бебенце, чии родители не можат да имаат второ дете.

Апелот за помош беше објавен на ECrowd.mk, кои денес ја споделија убавата вест за собраните средства.

бебе

НАРОДЕ УСПЕАВТЕ!

За само 48 часа собравте 1500000 денари!

Народе секоја чест!

Ви благодариме за секоја донација и за секое споделување!

Заедно можеме сè!

Бебенцето беше родено предвреме во 28-мата гестациска недела. Тоа има сепса предизвикана од бактерија Klebsiella pneumoniae, а било донесено на свет од мајка со тешка бременост со постојани крварења. Новороденчето се лекува на интензивна нега во Систина и сите собрани средства ќе бидат наменети за таа цел.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 14%
  • 24%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 27134 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.