Почетна » Новости » Шоу-бизнис » 10 најплатени холивудски актери – 2014

10 најплатени холивудски актери – 2014

Роберт Дауни Џуниор е најплатениот актер во Холивуд според угледното списание Forbes. Ѕвездата од „Iron Man“ во периодот од јуни 2013 до јуни 2014 присвои 75 милиони долари, исто колку и годината претходно.

Роберт Дауни Џуниор

На второто место се најде Двејн Џонсон со заработка од 52 милиони долари, главно од филмовите „Fast and Furious“.

Двејн Џонсон

Бредли Купер застана на третото место. Се проценува дека Купер го зголемил своето богатство со 46 милиони долари, основно благодарение на комедијата „The Hangover“ и оскаровскиот хит „American Hustle“.

Бредли Купер

Леонардо Дикаприо е еден од ретките актери кој може да добие по 15 милиони за еден филм, а по успешните филмови „The Great Gatsby“ и „The Wolf of Wall Street“, се смета дека тој во изминативе година дена заработил 39 милиони долари.

Леонардо Дикаприо

10 најплатени актери

  1. Роберт Дауни Џуниор – 75 милиони долари
  2. Двејн Џонсон – 52 милиони долари
  3. Бредли Купер – 46 милиони долари
  4. Леонардо Дикаприо – 39 милиони долари
  5. Крис Хемсворт – 37 милиони долари
  6. Лијам Нисон – 36 милиони долари
  7. Бен Афлек – 35 милиони долари
  8. Кристијан Бејл – 35 милиони долари
  9. Вил Смит – 32 милиони долари
  10. Марк Волберг – 32 милиони долари

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11175 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.