Почетна » Новости » Шоу-бизнис » Опра и Бритни се најплатени жени во шоу-бизнисот за 2012

Опра и Бритни се најплатени жени во шоу-бизнисот за 2012

Опра сè уште е кралица на заработката во шоу-бизнисот. Според најновата листа на списанието „Forbes“, Опра е дамата со најголема заработувачка. Во периодот од мај 2011 до мај 2012, 58-годишната ѕвезда го зголемила своето богатство со 165 милиони долари.

Иако нејзината телевизија OWN сè уште има големи финансиски проблеми, приходите на Опра остануваат многу повисоки од оние на останатите славни дами.

На второто место на листата е Бритни Спирс со заработка од 58 милиони долари (цели 107 милиони зад Опра). Бритни најмногу заработила од продажбата на албуми и нејзината турнеја. Во оваа сума не се пресметани 15 милиони долари кои Спирс ги доби за да биде дел од жирито на „X Factor“, бидејќи зделката „падна“ по мај 2012.

Третото место го држи и најмладата дама на листата, Тејлор Свифт. 22-годишната пејачка со своите хитови за една година успеа да донесе во својот џеб 57 милиони долари.

Четвртото место го делат Ријана и Елен Деџенерис, кои заработиле по 53 милиони долари.

10 жени со најголема заработка во шоу-бизнисот за 2012

Опра ВинфриБритни СпирсТејлор СвифтРијанаЕлен ДеџенерисЛејди ГагаЏенифер ЛопезЖизел БундхенКети ПериСудијката Џуди

1. Опра Винфри

Заработка: 165 милиони долари

2. Бритни Спирс

Заработка: 58 милиони долари

3. Тејлор Свифт

Заработка: 57 милиони долари

4. Ријана

Заработка: 53 милиони долари

5. Елен Деџенерис

Заработка: 53 милиони долари

6. Лејди Гага

Заработка: 52 милиони долари

7. Џенифер Лопез

Заработка: 52 милиони долари

8. Жизел Бундхен

Заработка: 45 милиони долари

9. Кети Пери

Заработка: 45 милиони долари

10. Судијката Џуди

Заработка: 45 милиони долари

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11011 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.