Почетна » Новости » Шоу-бизнис » Серена Вилијамс се вери, партнерот ја запроси на романтично патување во Рим

Серена Вилијамс се вери, партнерот ја запроси на романтично патување во Рим

Серена Вилијамс се вери со Алексис Оханијан. 35-годишната успешна тенисерка ја сподели среќната вест со поема кој ја објави на Reddit.

Во неа, славната спортистка пишува дека нејзиниот сакан ѝ организирал романтично патување во Рим, каде го постави важното прашање.

Серена и Алексис

„Дојдов дома. Малку доцна. Некој ми ја имаше спакувано торбицата и пајтон ме чекаше надвор. Дестинација: Рим. За да ме придружува до мојот „шармантен“. Назад каде што нашите ѕвезди се судрија. На истата маса каде првпат се сретнавме случајно. Овој пат не случајно, туку по избор. На едно колено, тој рече четири зборови. Јас реков ДА“ – напиша Серена во поемата.

„Ме направи најсреќниот маж на планетата“ – ѝ коментираше Алексис на постот.

Comment from discussion I said yes.

Вилијамс ја сподели и следната фотографија.

Серена и Алексис

Серена и 33-годишниот коосновач на Reddit ја потврдија својата врска пред јавноста во октомври 2015 година.

Серена и Алексис Серена и Алексис

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 11%
  • 25%
  • 63%
Се испраќа...

(Вкупно: 10615 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.