Почетна » Новости » Шоу-бизнис » Селин Дион му оддаде почит на покојниот сопруг во емотивно видео со моменти од 2016

Селин Дион му оддаде почит на покојниот сопруг во емотивно видео со моменти од 2016

Селин Дион никогаш не криела дека нејзиниот покоен сопруг Рене Анжелил e љубовта на нејзиниот живот, а неодамна откри дека тој бил и единствениот маж кој некогаш го бакнала.

Неговата смрт во јануари оваа година беше голем шок за 48-годишната пејачка, која два дена подоцна го изгуби и својот брат. И покрај огромните трагедии, Дион продолжи да настапува и речиси секој нејзин настап беше посветен на Рене.

„Разбрав дека мојата кариера беше на некој начин негово ремек-дело, негова песна, негова симфонија. Идејата да ја остави незавршена ужасно ќе го повредеше. Сфатив дека ако тој некогаш нè напушти, јас морам да продолжам без него, за него“ – објасни Дион за време на првото излегување на сцената по смртта на Анжелил, кој исто така беше и нејзин менаџер.

Вчера, славната музичка ѕвезда објави ретроспективно видео со нејзините најважни моменти од годината која измина и се разбира, Рене е составен дел од него.

Видеото започнува со снимки од погребот на Рене, а завршува со нејзина моќна изведба на „The Show Must Go On“.

„Мојот глас не одекнува без тебе. Ти ми ги исполни соништата од детството. Се надевам дека те инспирирав да посегнеш кон твоите“ – пишува на крајот на видеото.

Селин и Рене беа во брак 21 година пред тој да ја изгуби битката со ракот на грлото.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11273 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.