Почетна » Новости » Шоу-бизнис » Селин Дион за покојниот сопруг: Рене е единствениот маж кој го имам бакнато

Селин Дион за покојниот сопруг: Рене е единствениот маж кој го имам бакнато

Живееме во време кога концептот „една љубов за цел живот“ е вистинска реткост, особено во светот на славните.

Селин Дион изненади и разнежни многумина откако призна дека Рене Анжелил бил единствениот маж кој некогаш го бакнала. Тие беа во брак 21 година пред Рене да ја изгуби битката со рак на грлото.

Селин Дион, Рене Анжелил

48-годишната ѕвезда изјави дека за неа било многу тешко да го гледа мажот на нејзиниот живот како умира по малку секој ден. „А кога си замина, на одреден начин ми олесна дека мажот кој го сакам, единствениот маж кој го имам бакнато... да, немам бакнато друг маж во мојот живот. Па, мажот на мојот живот беше мој партнер и ние бевме едно. Кога престана да страда, си реков себеси: Тој е ОК. Заслужува да не страда“ – рече таа во интервју за „Sunday Morning“.

Селин Дион, Рене Анжелил

Рене и Селин се запознаа во 1980 година, кога таа имаше само 12, а тој 38 години. Благодарение на него, талентираната пејачка се издигна до врвот во светот на музиката. На почетокот тој беше нејзин менаџер, но потоа нивната врска влезе во романтични води.

Парот стапи во брак во 1994 година. Заедно имаат три деца – 15-годишниот Рене-Чарлс и 6-годишните близнаци Нелсон и Еди.

Селин Дион, Рене Анжелил Селин Дион, Рене Анжелил Селин Дион, Рене Анжелил Селин Дион, Рене Анжелил Селин Дион, Рене Анжелил Селин Дион, Рене Анжелил Селин Дион, Рене Анжелил

Во јануари годинава, Рене издиша за последен пат на 73-годишна возраст.

Селин Дион Селин Дион

Во интервјуто, Селин изјави и дека сè уште е вљубена во Рене и дека не е подготвена за нов маж во нејзиниот живот. „Јас љубам. Јас љубам. Го љубам него. Сè уште сум вљубена во него. Ја имам и љубовта на моите деца. Ја имам љубовта на моите фанови. Ги сакам луѓето со кои работам. Па, мојот живот не е без љубов“ – вели таа.

Видео

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11054 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.