Почетна » Новости » Шоу-бизнис » Копија на мама: Гвинет Палтроу сподели фотографии од пораснатата ќерка за нејзиниот 16. роденден

Копија на мама: Гвинет Палтроу сподели фотографии од пораснатата ќерка за нејзиниот 16. роденден

Гвинет Палтроу се труди колку што е можно повеќе да го зачува приватниот живот подалеку од очите на јавноста. Но, таа одлучи да ѝ го честита 16-тиот роденден на ќерката Епл со фотографии и порака на Instagram.

Гвинет Палтроу Гвинет Палтроу Гвинет Палтроу

Во описот на албумот од Епл, 47-годишната актерка напиша:

„Не ми се верува дека навистина ги пишувам овие зборови, но... Среќна слатка шеснаесетка мое драго девојче. Ти си светлината на моето срце, ти си чиста радост. Ти си интелигентна и ја имаш најдобрата, најбрилијантната смисла за хумор. Ги обожавам нашите ноќни разговори кога имам шанса да слушнам што размислуваш. Ти напорно работиш за да го постигнеш она што го сакаш.“

Пресреќна сум што ти сум мајка, ти убава љубезна млада жено. Ти благодарам што ме избра мене. Те обожавам безброј пати до Месечина и назад. Жалам што имаш ваков роденден за време на овие околности, но како и секогаш, ти успеваш да го најдеш најдоброто во сè.“

Во коментарите многумина заклучија дека Епл е копија на мајка си.

Гвинет Палтроу Гвинет Палтроу Гвинет Палтроу

Епл е ќерка на Гвинет од нејзиниот брак со Крис Мартин. Тие заедно имаат уште еден син. Парот се раздели во 2014 година.

Крис Мартин и Гвинет Палтроу

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11607 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.