Почетна » Новости » Животни стории » Моделот Барбара Палвин од болничкиот кревет сподели дека има ендометриоза и се оперирала

Моделот Барбара Палвин од болничкиот кревет сподели дека има ендометриоза и се оперирала

Барбара Палвин ја сподели својата лична и искрена приказна за борбата со ендометриозата, болест која засега милиони жени низ светот.

31‑годишниот модел сподели фотографии од болничкиот кревет и ја откри дијагнозата која ја добила откако долго време имала симптоми кои ги сметала како „нормален дел од менструацијата“.

Барбара Палвин Барбара Палвин

Секој месец, Барбара се соочувала со неподнослива болка, умор, обилни и нередовни циклуси, како и непроспиени ноќи, а побарала помош откако ја советувале да се консултира со специјалист за ендометриоза.

Три месеци подоцна, си направила операција, која ѝ го подобрила квалитетот на живот, ѝ ги намалила менструалните болки и ѝ го донела посакуваното олеснување на симптомите.

Барбара Палвин

Еве го нејзиниот пост:

Веќе неколку години се справувам со тешкотии за време на менструацијата. Замор, силна болка, тешки и нередовни менструации, непроспиени ноќи на подот од бањата. Мислев дека едноставно тоа вака функционира кај мене.

Но, неодамна ме советуваа да побарам специјалист за ендометриоза за да видам дали моите симптоми се предизвикани од тоа. Секоја година одам на прегледи кај мојот гинеколог, па мислев дека ако имам ендометриоза, досега ќе знаев за тоа. Но, како што се покажа, ендометриозата не може да се дијагностицира со општи прегледи. Отидов и 3 месеци подоцна, ме оперираа. Оттогаш конечно доживеав менструација која беше полесна и сега ја знам разликата.

Ако се сомневате дека можеби имате ендометриоза, ве охрабрувам да проверите. Мене ми помогна многу и сум благодарна што го направив тоа. Раната дијагноза и третманот се многу важни за спречување на долгорочни компликации, а сега сум повнимателна кон моето тело за да дејствувам брзо доколку е потребно.

Затоа ги искористив изминатите 3 месеци за да се одморам и целосно да закрепнам. Возбудена сум за ова ново поглавје од мојот живот и сега сум подготвена да се вратам на работа.

Барбара Палвин Барбара Палвин Барбара Палвин

Со својата приказна, храбрата Унгарка ги поттикнува жените да не ги игнорираат симптомите и да побараат специјалистичка дијагноза и третман ако почувствуваат нешто слично.

Барбара Палвин Барбара Палвин Барбара Палвин

Ендометриоза е состојба при која мали делови од ендометриумот (слузницата на матката) ја напуштаат шуплината на матката и се прикачуваат на други органи, најчесто во пределот на карлицата.

Секој месец тие растат и крварат под влијание на хормоните, но крвта не може да го напушти телото. Тоа води до инфламација и формирање на цисти и лузни на околното ткиво. Поради тоа во повеќето случаи болката започнува неколку дена пред менструалниот период и престанува со неговото завршување.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 14%
  • 24%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 28406 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.