Силвестер Сталоне ја пофали неверојатната сопруга Џенифер Флавин на нејзиниот 57-ми роденден.
Иако пред три години ќе се разведуваше со неа, сега 79-годишниот актер ѝ се заблагодари за убавиот живот кој го создала за него и нивните три ќерки.
Ѕвездата од „Роки“ сподели стари фотографии од нивната младост, како и една нова, и напиша:
„Среќен роденден на мојата неверојатна сопруга Џенифер. Јас и моите ќерки ти се заблагодаруваме за преубавиот живот кој го создаде за нас“.





Силвестер и Џенифер стапија во брак во мај 1997 година, но во август 2022 година таа поднесе документи за развод. Холивудскиот актер привлече уште поголемо внимание кога си ја покри тетоважата со нејзин лик со тетоважа со куче.
Парот се смири во септември истата година и оттогаш постојано споделува фотографии од среќниот брачен живот.


