Синди Крафорд и Каја Гербер крадеа најмногу погледи на синоќешната свеченост „Уметност + Филм“ во Музејот на уметноста во Лос Анџелес (LACMA).
Популарниот супермодел позираше пред фоторепортерите со својата наследничка и многумина коментираат дека изгледаат како сестри, а не како мајка и ќерка.
59-годишната Синди носеше долг златен фустан додека 24-годишната Каја фасцинираше во црвена тоалета. И двете креации се дело на модната куќа Гучи.
Ова е 14-то издание на галата со донаторски карактер.
