Почина Виктор Боневски.
Младиот фудбалер, за кого се собираа средства за лекување, ја изгуби битката со ракот. Тажната вест ја потврди неговиот брат Даниел и фудбалската академија Њу Старс, во која Боневски беше член.
„Почивај во мир... бато мој“ – напиша Даниел на црно-белата фотографија на која позираат заедно.
„Со длабока тага и неверување ја примивме веста за смртта на Виктор Боневски. ФК Њу Старс загуби свој член, наш фудбалер и дел од семејството. Со неговата љубов кон фудбалот, посветеност и другарство, Виктор остави неизбришлив белег во нашиот клуб. Во овие тешки моменти изразуваме искрено сочувство до неговото семејство, роднините и сите блиски. Нека споменот за Виктор остане засекогаш меѓу нас, а неговата добрина и спортски дух да бидат пример за идните генерации. Нека почива во мир“ – стои во објавата на академијата.

На Даниел првпат му бил дијагностициран рак на тестиси на 17-годишна возраст, но подоцна ракот се појавил и на абдоменот и на неколку други органи. Тој беше принуден да го продолжи своето лекување во Турција, но бидејќи семејството ги немаше потребните средства, македонската јавност се обедини за да му помогне.
