Почетна » Новости » Промо » СКОПСКО и ова лето со зелена иницијатива: 5 поени за секое селектирано пакување

СКОПСКО и ова лето со зелена иницијатива: 5 поени за секое селектирано пакување

Во рамки на својата општествено одговорна кампања „Наша гордост, наша одговорност“, СКОПСКО и оваа година продолжува да ги мотивира потрошувачите на одговорно однесување и селектирање на отпадот. Во соработка со Пакомак и компанијата за производство на алуминиум Ball Corporation, од 15 август стартува иницијативата за дополнителни поени за секоја селектирана СКОПСКО и СКОПСКО Smooth лименка.

Преку апликацијата „Екомак“, во период од 15 август до 15 септември, потрошувачите ќе добиваат 5 зелени поени за секоја селектирана лименка.

Скопско

Целта на иницијативата е едноставна – да ги поттикнеме луѓето да прават мали, но значајни чекори за почиста и поздравa животна средина. Секоја селектирана лименка придонесува кон поголемата цел на платформата, која оваа година ја започна новата фаза од циклусот на инвестиции за зачувување на природата, чистење, уредување и подобрување на инфраструктурата на планините, со фокус на Шар Планина.

Сите активности во рамки на платформата „Наша гордост, наша одговорност“ покажуваат дека СКОПСКО постојано се грижи за природата и нашите природни убавини. Потрошувачите преку своето учество стануваат дел од конкретни акции за чистење, уредување и зачувување на планините, создавајќи поздраво и побезбедно опкружување за сите нас.

Селектирај, учествувај и придонеси за природните убавини – тоа е круг на одговорност што почнува од нас.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 14%
  • 24%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 28406 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.