Патот до родителството знае да биде исполнет со тивки надежи, неизвесни чекори и битки со (не)видливи пречки. А сето тоа потполно им е познато на мајките и татковците кои, благодарение на вонтелесното оплодување, конечно го прегрнале своето најголемо чудо.
Деновиве повеќе родители заедно со нивните дечиња зачнати во „Плодност“ го посетија Прим. д-р Таше Трпчевски и се дружеа со неговиот тим од одделот за асистирана репродукција.
Фотографиите од слатките средби полни со љубов, радост и благодарност разнежнија многу срца. Во објавата на болницата стои:


ПЛОДНОСТ ИСПОЛНЕТА СО НАСМЕВКИ ОД ПОВЕЌЕ ИВФ ДЕЧИЊА
Во последниве неколку дена, Плодност ја исполнија насмевки и прегратки, неколку семејства ни дојдоа во посета со своите деца родени со помош на ин витро оплодување. Од бебиња до веќе поголеми деца, сите тие се дел од нашата приказна.
Различни години на раѓање, но иста емоција – љубовта, радоста и благодарноста што овие семејства ја носат со себе.




