Почетна » Новости » Актуелно » Теа Трајковска со трогателни зборови за Панчо: „Ми вети дека ќе ме чекаш ако ме претркаш, дотогаш знам дека ќе ме чуваш“

Теа Трајковска со трогателни зборови за Панчо: „Ми вети дека ќе ме чекаш ако ме претркаш, дотогаш знам дека ќе ме чуваш“

Теа Трајковска емотивно се прости од својот драг и близок пријател и колега Панчо.

Македонската пејачка на социјалните мрежи сподели трогателни зборови и низа фотографии посветени на Владимир Блажев од дуото ДНК.

Нивното пријателство започна со дуетот „Рушевини“, а заедно ја имаат и песната „Амајлија“.

Теа и Панчо

My ride or die, my soulmate, my family, my homie, моја најголема поддршка во сѐ, мој ментор и најдобар пријател, мојот омилен човек на земјата, а сега на небото.

Привилегија и благослов е што те имав во овој живот и што си толку битен дел од него, што те знаев во срж и благодарна сум на секој збор и наш момент, на нашиот последен разговор, на сѐ што научив од тебе, на секој спомен што ми го остави.

И да знаев дека волку ќе болиш еден ден, пак не би сменила ништо и би одбрала да си мој најблизок човек во патувањево.

Овие седум месеци ти ми беше единствениот зрак надеж и светлинка, а вчера со тебе замина и дел од мене Влатче.

Нема да постои ден кога нема да ми недостигаш, ама таа твоја душа и тоа твое срце не беа за овој свет, а Бог ги сака покрај себе таквите како тебе.

Знам само дека не заслужи ништо од ова ама и дека си на подобро место каде што не страдаш и не се мачиш повеќе.

До следното видување злато мое.

Ми вети дека ќе ме чекаш ако ме претркаш, а до тогаш знам дека ќе ме чуваш од горе.

Колку те сакам знаеш и ќе си знаеш засекогаш каде и да си.

Широко небо Владе мој. Тесно беше тука за тебе.

Теа и Панчо Теа и Панчо Теа и Панчо Теа и Панчо Теа и Панчо Теа и Панчо Теа и Панчо Теа и Панчо Теа и Панчо Теа и Панчо Теа и Панчо Теа и Панчо Теа и Панчо Теа и Панчо

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 24%
  • 63%
Се испраќа...

(Вкупно: 29722 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.