Вљубен дечко од Охајо го помина цело лето во подготовка на најоригиналниот предлог за брак.
Тим Саливан со месеци планирал и дизајнирал како во својата нива со пченка да го испише прашањето: „Дали ќе се омажиш со мене, Каролин?“ за да ја запроси саканата. Сакајќи да ѝ приреди незаборавно искуство, 23-годишниот фармер израснал огромен лавиринт, но само од воздух се гледало судбоносното прашање.
Тим ја поканил Каролин на панорамски лет со авион над нивата. Гледајќи низ прозорецот, среќната девојка го здогледала прашањето испишано меѓу редовите од пченка. Се разбира дека веднаш рекла „ДА“.



Предлогот за брак, кој се протегал на површина од 5 хектари, Тим започнал да го планира во април.
„Сакав да направам нешто големо, нешто што таа никогаш нема да го заборави. Никогаш нема да го заборавам моментот кога ѝ го видов лицето штом сфати што пишува“ – рекол Тим.


Романтичниот предлог брзо се проширил на социјалните мрежи, воодушевувајќи илјадници корисници ширум светот.
Слаткото изненадување е доказ дека со малку креативност и многу љубов можат да се создадат незаборавни моменти.

