Почетна » Новости » Актуелно » Руска мисица почина на 30-годишна возраст само пет месеци по свадбата, удрија во лос со автомобилот

Руска мисица почина на 30-годишна возраст само пет месеци по свадбата, удрија во лос со автомобилот

Ксенија Александрова го напушти овој свет.

Убавицата, која во 2017 година на претставуваше Русија на Мис Универзум, почина на 30-годишна возраст. Александрова го загуби животот откако со сопругот удрија со автомобилот во лос кој ненадејно излегол на патот.

Ксенија Александрова Ксенија Александрова

Парот стапи во брак само 4 месеци пред несреќата.

Ксенија Александрова Ксенија Александрова

Во јули, Ксенија и нејзиниот сакан се враќале дома од Ржев кога нивниот автомобил се судрил со лосот. Таа седела на совозачкото седиште.

Иако веднаш била пренесена во болница во Москва, почина на 12 август како последица на сериозните повреди на мозокот.

„Од моментот кога скокна до моментот на судирот помина само дел од секунда. Немав време да направам ништо. Сè беше покриено со крв“ – рекол сопругот.

Ксенија Александрова

Агенцијата на Александрова ја потврди лошата вест за нејзината смрт.

„Со голема тага ве информираме дека нашата колешка и пријателка, моделот Ксенија Александрова, почина“.

„Ксенија беше паметна и талентирана. Таа знаеше како да инспирира, поддржува и дава топлина на сите околу нас. За нас, таа засекогаш ќе остане симбол на убавината, љубезноста и внатрешната сила“.

„Искрено жалиме и изразуваме најдлабоко сочувство до нејзиното семејство, пријателите и сите кои имаа среќа да ја познаваат Ксенија“ – стои во објавата на Instagram.

Ксенија Александрова Ксенија Александрова Ксенија Александрова Ксенија Александрова Ксенија Александрова

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 14%
  • 24%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 28398 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.