Кајли Џенер и Тревис Скот му посакаа добредојде на овој свет на нивното второ дете.
24-годишната ѕвезда од „Keeping Up With The Kardashians“ сподели фотографија од рачето на бебето, а во описот напиша дека се породи на 2 февруари и додаде сино срце. Подоцна, претставник на Кајли за People потврди дека бебето е машко.

Кајли и Тревис започнаа да се состануваат на Коачела во 2017 година, а во февруари следната година се роди нивната ќерка Сторми.
Веста дека ќе добијат второ дете тие ја објавија во септември минатата година.




