Милош Биковиќ и Ивана Малиќ не кријат дека уживаат во улогата на родители.
Убавата вереница на српскиот актер сподели неколку фотографии со кои опиша како ѝ изгледа животот како мајка. На првата објавена заедничка фотографија, таа го држи во рацете едномесечниот син Василије, додека на другите две фотографии ја покажува неговата омилена играчка и местото каде што го носи на прошетка.
„Животот деновиве“ – напиша таа.




Неодамна, Милош зборуваше за улогата на татко.
„Па во таа улога, човек се остварува додека е жив. Се надевам дека во таа улога ќе се остварувам до крајот на животот. Таа улога се развива. Ќе видиме кога таа комуникација ќе стане малку поинтензивна. Засега сè се сведува на плач, понекогаш мој, понекогаш негов“ – изјави актерот.

Милош и Ивана го проширија своето семејство на 9 јануари.

Парот објави дека очекува принова во септември 2023 година откако се распространи фотографија на која се гледа трудничкото стомаче на Ивана.
