Тамара Тодевска летните денови ги живее со полни гради, посветувајќи ги на одмор и моменти исполнети со љубов и хармонија. Заедно со своите две деца и партнерот Лука Радовиќ таа ужива во безгрижната летна атмосфера.
На социјалните мрежи, музичарката и нејзиниот сакан споделија фотографии и видеа кои овековечуваат многу насмевки и искрени радости. Хана и Дарен се во центарот на вниманието, а нивните весели лица уште еднаш потсетуваат дека најубавото лето е она поминато во кругот на најблиските.
„Мојот партнер за вечерва“ – напишаа на фотографиите на кои Тамара позира со Хана, а Лука со Дарен.


Малите дечиња и Лука одлично се забавуваа во воден парк, спуштајќи се по лизгалка во вода.



