Тејлор Свифт и Тревис Келси се верија. Поп-ѕвездата со романтична фотосесија им ја соопшти среќната вест на фановите.
„Вашата професорка по англиски јазик и вашиот професор по физичко воспитување ќе стапат во брак“ – напиша таа и сподели фотографии од моментот кога славниот спортист клекна на колено за да ја побара за жена.
35-годишните партнери веднаш добија илјадници честитки на социјалните мрежи и многумина коментираат дека предлогот личи на сцена од романтичен филм.


НФЛ-ѕвездата во тајност го дизајнирал блескавиот прстен со Кајдред Лабек од брендот Artifex Fine.



Тејлот и Тревис се заедно од септември 2023 година, а нивната врска веднаш привлече огромно внимание.
