Марија Стоилковска е вистинска инспирација и докажува дека „Ако се сака, сè се може“.
Амбициозната девојка не дозволи целосно оштетениот вид да ја спречи да дипломира на Факултетот за правни и политички науки – насока политички науки. Со огромна посветеност, трудољубивата студентка со помош на својот асистент ги снимала сите лекции, а потоа учела слушајќи, бидејќи нема книги на Брајово писмо.
Марија никогаш не се откажала и покрај сите препреки кои ѝ биле ставени на патот, а сега може да се пофали со титулата дипломиран политиколог.


За нејзиниот успех објавија од ФОН:
Нашата студентка Марија Стоилковска денес слави голем успех!
Со огромна посветеност, истрајност и љубов кон знаењето, таа успешно дипломираше на Факултетот за правни и политички науки- насока политички науки!
Марија, и покрај тоа што живее со целосно оштетен вид, ни покажа дека ниту една пречка не е преголема кога постојат волја, поддршка и инклузивен пристап.
Покажа што значи да се чекори храбро и достоинствено, без отстапување.
Твојата сила е инспирација за сите нас!
Честитки за дипломскиот труд, нека твојата приказна биде пример за тоа што значи да се сонува храбро и да се оди напред со цврста волја и јасна цел.
Честитки Марија!


