Ријана беше фотографирана во Беверли Хилс додека се шеташе со мајка си Моника Фенти и со своите синови Риза и Рајот.
37-годишната пејачка гордо го покажа трудничкото стомаче во последниот триместар од третата бременост облечена во широки панталони со риги и бел топ со шари во весели бои.
Додека Риза ја држеше мајка си за рака, Рајот беше носен од бабата Моника.








Ријана и Ејсап Роки објавија дека го очекуваат третото дете на овогодишната МЕТ гала, одржана во мај.


Ријана и Ејсап Роки го добија првото дете, синчето Риза Ателстон Мајерс, во мај 2022 година, а Рајот дојде на овој свет на 1 август минатата година. Тие започнаа да се состануваат во 2020 година.
