Почетна » Новости » Шоу-бизнис » Милош Биковиќ ќе стане татко: Српскиот актер објави дека со девојката Ивана Малиќ очекуваат дете

Милош Биковиќ ќе стане татко: Српскиот актер објави дека со девојката Ивана Малиќ очекуваат дете

Милош Биковиќ и Ивана Малиќ се пресреќни што набрзо ќе станат родители.

35-годишниот српски актер ја сподели убавата вест на Instagram откако беше објавена фотографија на која се гледа трудничкото стомаче на Ивана. На фотографијата, парот позира во костими за капење.

Милош Биковиќ и Ивана Малиќ

На Instagram Милош напиша:

„Среќни сме што наскоро ќе станеме родители. Ова е важен, веројатно најважен момент во нашите животи. Не сакавме да го откриваме ова засега, но папараците нè доведоа во ситуација во која немаме избор. Ви благодариме на убавите зборови и на честитките и ги замолуваме медиумите и новинарите да ја почитуваат нашата одлука и интегритетот на нашите животи. Секако ќе ве контактираме кога ќе сакаме да разговараме на оваа тема“.

Милош Биковиќ и Ивана Малиќ

Претходно, тие имаа објавено фотографии од заедничкиот летен одмор, но на нив не се забележуваше дека Ивана е бремена.

Милош Биковиќ и Ивана Малиќ Милош Биковиќ и Ивана Малиќ Милош Биковиќ и Ивана Малиќ Милош Биковиќ и Ивана Малиќ Милош Биковиќ и Ивана Малиќ

Парот за првпат се појави во јавност на белградската премиера на „Јужен ветер 2: Забрзување“ во 2021 година.

Милош Биковиќ и Ивана Малиќ Милош Биковиќ и Ивана Малиќ

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11927 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.