Почетна » Новости » Шоу-бизнис » Гламур на пороен дожд: Милена Радуловиќ блесна на црвениот тепих во Сараево

Гламур на пороен дожд: Милена Радуловиќ блесна на црвениот тепих во Сараево

Милена Радуловиќ беше вистинска ѕвезда на 31-вото издание на Сараевскиот филмски фестивал.

Иако заврна пороен дожд додека 30-годишната српската актерка чекореше на црвениот тепих, таа не дозволи тоа да ѝ влијае на расположението. Милена се појави со широка насмевка и беспрекорен стил, оставајќи силен впечаток кај присутните.

Младата актерка блесна во елегантна долга розова тоалета од Kaftan Studio. Фустанот беше надополнет со бела наметка со сребрени детали, сребрен накит, суптилна шминка и фризура пунџа.

Милена Радуловиќ Милена Радуловиќ Милена Радуловиќ Милена Радуловиќ Милена Радуловиќ

По престојот во главниот град на Босна и Херцеговина, Милена на својот Instagram профил ги сподели впечатоците, истакнувајќи ја топлината и љубовта кои ги почувствувала таму.

„Нема град во којшто срцето е потопло, а љубовта е поголема отколку во Сараево. Овој пат, животот ми го разубави Kaftan Studio, затоа што не се работи само за оваа прекрасна тоалета, шминката и фризурата, туку тоа беше вистински терапевтски третман, семејна непосредност, прегратка, смеа… Душата ми е полна со радост и благодарност. Мислам дека ова е само почеток. Ви благодарам“ – напиша таа.

Милена Радуловиќ Милена Радуловиќ Милена Радуловиќ Милена Радуловиќ

ФОТО: Instagram / Kaftan Studio, Miléna Radulovic

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 24%
  • 63%
Се испраќа...

(Вкупно: 30143 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.