Почетна » Новости » Животни стории » „Наместо радост – црнина“: Мајката на Ивона која загина во пожарот во „Пулс“ со трогателен текст за непреболените ангели

„Наместо радост – црнина“: Мајката на Ивона која загина во пожарот во „Пулс“ со трогателен текст за непреболените ангели

„Ќе остане засекогаш млада, убава, насмеана – а јас засекогаш мајка со празна прегратка и со душа што крвари“ – ова се зборовите на неутешната Стојка Антова, која ја загуби ќерката Ивона во ужасниот пожар во дискотеката „Пулс“.

Во сенка на најголемата трагедија што го потресе Кочани, ужалената мајка сподели трогателна порака за Ивона и десетиците млади лица чии животи предвреме згаснаа. Низ зборови проткаени со болка и љубов, таа зборува за празнината што останала зад 62 замолчени животи, за вечната рана во душите на родителите и за љубовта што никогаш нема да згасне. Нејзината исповед, која е сведоштво за мајчината болка која не познава крај, но и за споменот што ќе продолжи да живее, е во продолжение:

Ивона

16.03.2025 Ден кога замре младоста

Тргнавте на концерт, со насмевки и соништа во очите, со планови што ги чувавте за утре.

Но таа ноќ, со еден здив, ви ги згасна светлинките.

Останаа 62 празни места, 62 тивки гласови, 62 незавршени животи.

Наместо песна – тишина.

Наместо радост – црнина.

Наместо живот – вечен спомен.

А ние, родителите, останавме со празни раце.

Да чекориме низ свет што веќе нема боја,

да влегуваме во домови во кои вие никогаш повеќе нема да влезете.

Да чекаме чекор по скалите, а да слушнеме само ехо.

Да сонуваме за прегратка што никогаш нема да ја почувствуваме.

Нашите срца се скршени, душите осиромашени,

а болката е вечна како и љубовта кон вас.

Секој ден е борба да дишеме, а не живееме,

зашто животот без вас е празна сенка.

А моето единствено Ивонче…

Мојата радост, мојата гордост, мојата светлина –

ја украдоа пред време.

Нема збор што ја опишува празнината,

нема сила што ја лечи оваа рана.

Ќе остане засекогаш млада, убава, насмеана –

а јас засекогаш мајка со празна прегратка и со душа што крвари.

Вие, нашите ангели, засекогаш ќе бидете во нашите срца.

Вашите имиња нема да замолкнат, вашите лица нема да избледат.

Ќе живеете во нашите солзи, во нашите соништа,

во секое утро без боја и секоја ноќ без мир.

Не ве забораваме. Не можеме, ниту сакаме.

Вие сте нашето „засекогаш“

Стојка Антова-мајката на единствената ќеркичка Ивона Антова

Жртвите во Пулс

Стојка е дел од секој Марш на ангелите за правда за жртвите. Пред една недела, таа сподели и албум со фотографии од Ивона и напиша: „Пет месеци како дишам… а не живеам, душата ми е мртва. Дишам… но секој здив ми е отров од неправда. Ми ја убија ќерката, ми го убија срцето, ми го украдоа светот. Нема утро без болка, нема ноќ без солзи. Секое утро ме потсетува на вашето зло, секој мрак ме гуши од празнината што ја оставивте. Пет месеци како моето срце куца, но е празно, студено и осамено. Без тебе, моја Ивонче, секое утро е темно, а секоја ноќ е бескрајна“.

Ивона Ивона Ивона Ивона Ивона Ивона Ивона

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 24%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 28570 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.