Почетна » Новости » Шоу-бизнис » Нели Фуртадо стилски возврати по негативните коментари за нејзината тежина

Нели Фуртадо стилски возврати по негативните коментари за нејзината тежина

Нели Фуртадо тивко и со стил им испрати силна порака на сите кои во изминатиов период ја критикуваа за зголемената тежина.

Популарната пејачка стана мета на многу негативни коментари на социјалните мрежи откако многумина го споредуваа нејзиниот сегашен изглед со изгледот од пред две децении.

По бранот коментари за фигурата, Фуртадо за најновиот настап во Манчестер избра да носи широка маица со илустрација од женско тело со ефект на оптичка илузија. Исцртаното тело всушност алудира на нејзиниот стајлинг од спотот за „Maneater“, а на грбот ѝ пишуваше „Better Than Ever“ (Подобра отсекогаш).

Нели Фуртадо Нели Фуртадо Нели Фуртадо Нели Фуртадо

На почетокот на годината, Фуртадо објави порака за своето тело, сподели дека досега си нема направено пластични операции и дека не користи филери и им порача на фановите: „Изразувајте се слободно, славете ја индивидуалноста и знајте дека е совршено ОК да бидете ОК со тоа што го гледате во огледалото и дека е ОК да сакате нешто поразлично. Сите ние сме мали човечиња кои само лутаат на Земјата барајќи прегратки“.

Нели Фуртадо Нели Фуртадо

Фуртадо стекна светска слава во 2000 година со првиот албум „Whoa, Nelly!“ и хитови како „I'm Like a Bird“ и „Turn Off the Light“.

Нели Фуртадо

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 14%
  • 24%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 28602 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.