Брајан Остин Грин го очекува петтото дете. Актерот од „Беверли Хилс, 90210“ ја откри среќната вест со фотографии на кои го гали трудничкото стомаче на девојката Шарна Бургес на плажа.
Брајан и Шарна се во врска од октомври 2020 година.


















48-годишниот актер претходно беше во брак со Меган Фокс, со која има три мали деца. Тој има и 19-годишен син од претходна врска.
Брајан и Меган објавија дека се разведуваат во мај 2020 година, а нивниот развод беше финализиран во октомври 2021 година.


