Почетна » Новости » Шоу-бизнис » Меган Фокс и Брајан Остин Грин стапија во брак

Меган Фокс и Брајан Остин Грин стапија во брак

Американските медиуми денес објавија дека Меган Фокс и Брајан Остин Грин тајно стапиле во брак.

Младиот пар не чекаше долго по втората свршувачка и го кажа судбоносното „Да“ на интимна церемонија во Хаваи. Популарниот интернет портал TMZ прв ја објави веста за свадбата, но потоа многу други медиуми ја потврдија.

Меган Фокс и Брајан Остин ГринБрајан Остин Грин и Меган Фокс

Фокс и Грин се запознале уште во 2004г. и две години подоцна се свршиле. Но, во февруари 2009 ја откажаа свршувачката по взаемна согласност. Пред две недели се појави вест дека Брајан повторно ја побарал раката на популарната актерка додека биле на одмор во Хаваи.

Можеби беа потребни две свршувачки, но славниот пар конечно стапи во брак. И за двајцата ова е прв брак.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11127 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.