Почетна » Новости » Актуелно » „Го изгубив моето ангелче“: Повреден во пожарот во Кочани чија внука загина се присетува на кобната ноќ

„Го изгубив моето ангелче“: Повреден во пожарот во Кочани чија внука загина се присетува на кобната ноќ

Пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани остави трага врз многу семејства.

Дарко Златев, кој успеа да преживее, но претрпе изгореници од трет степен на рацете, раскажа за кобната ноќ и за моментот кога дознал дека неговата внука од сестра почина во трагедијата.

„Воопшто не се нервирам за моите раце што се вакви, колку што ми е криво што го изгубив моето ангелче затоа што нема нешто повеќе што сум го сакал од неа. И никогаш животот нема да ми биде ист како што ми бил досега“ – вели Дарко низ емоции.

Дарко Златев

Ова е неговата изјава во целост:

Со моите другари бевме на забава во дискотеката и седевме точно до бината од каде започна пожарот. Кога видов дека веќе се пали плафонот, почнав со мојата вода и сите другарите да гасиме. Дојде и газдата на дискотеката со ПП-апарат, почна да гаси, ама тој апарат не беше соодветен. Пејачот на бендот „ДНК“ почна да вика во тој момент: ‘Сите излегувајте еден по еден’. Тоа беше толпа на народ. Пожарот стаса толку многу, целиот плафон се запали, бев многу блиску до вратата и се заглавив на самиот излез. Снема струја, многу голем чад имаше, пискаа, викаа, сите бараа помош.

Ги ставив само така рацете да не ми изгори главата и веќе се откажав... Другиот колега вулканизер го видов како помага на луѓето и тој ме извлече надвор без патики, без алишта, од толку што беше тесно и заглавено. Дојде Брза помош, ме однесоа во кочанската болница, ми ставија инфузија.. Сестрите колку можеа помагаа, на некои не можеа и ме однесоа за Скопје. Вечерта ме испратија за Белград, имав трет степен изгореници на десната рака, имав потешкотии со дишењето. На левата рака имам трансплантации на прсти и на дланка, на десната рака имам кожа одземено од сопствените нозе. Се јавив на мојата сестра да прашам како е мојата внука и она ми кажа дека е почината. Бев во депресија, не можев да го прифатам тоа што сум го изгубил. Воопшто не се нервирам за моите раце што се вакви, колку што ми е криво што го изгубив моето ангелче затоа што нема нешто повеќе што сум го сакал од неа. И никогаш животот нема да ми биде ист како што ми бил досега.

Пожарот во „Пулс“ се случи на 16 март и ги одзеде животите на 62 млади лица.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 14%
  • 24%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 27018 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.