Моника Милков, која Весна Петрушевска ја прими во домот како свое трето дете, вчера прослави роденден.
По тој повод, македонската актерка и водителка сподели заеднички фотографии и емотивна порака.
Драга Моника,
Среќен роденден, моја најголема радост! Ти си светлината во мојот живот и најубавиот подарок што можев да го добијам.
Ти посакувам здравје, среќа и успех во секој твој чекор.
Биди секогаш насмеана и верувај во себе, бидејќи ти си посебна како што си.
Те љубам безгранично!
Покрај Моника, Весна има уште две посвоени деца Мина и Кирил.
