Почетна » Новости » Шоу-бизнис » Бијонсе е бремена?

Бијонсе е бремена?

Бијонсе и Џеј ЗиБијонсе и Џеј Зи

Познатиот веб сајт mediatakeout.com вчера објави вест дека Бијонсе и Џеј Зи го очекуваат своето прво дете.

Тврдејќи дека информацијата е од сигурен извор, на веб сајтот пишува дека „Бијонсе е добро и се одмара“ и дека Џеј Зи е „екстремно среќен што ќе го има своето прво дете со Бијонсе“.

Иако оваа информација брзо се шири низ светот, сè уште нема официјална потврда од страна на славниот пар. Познато е дека Бијонсе и Џеј Зи добро го чуваат својот личен живот од медиумите.

Успешниот пар стапи во брак во 2008 година, а Бијонсе во изминатиов период неколку пати има изјавено дека сака да имаат многу деца. Па, да се надеваме дека таа нејзина желба веќе започнува да се исполнува.

Најново

Еден од најлегитимните извори за информација од светот на славните, списанието People, објави дека веста за бременоста на Бијонсе е лага. Портпаролот на Бијонсе за People потврдил дека веста која брзо се прошири е лажна и дека обожавателите ќе треба да почекаат за да го видат наследникот на славната двојка.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 10%
  • 26%
  • 64%
Се испраќа...

(Вкупно: 9492 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.