Почетна » Новости » Шоу-бизнис » Forbes: Најмоќни жени на светот за 2014

Forbes: Најмоќни жени на светот за 2014

Германската канцеларка Ангела Меркел е прогласена за најмоќна жена на светот за 2014 година од страна на списанието „Forbes“. Тоа не е изненадување ако се земе предвид фактот дека на претходните 11 листи, германската политичарка се појавува десет пати, а девет пати е на самиот врв.

Ангела Меркел

На второто место на листата се наоѓа Џенет Јелен, претседателката на Управата на федералните резерви на САД, додека третото место ѝ припадна на сопругата на Бил Гејтс, Мелинда Гејтс.

Претседателката на Бразил, Дилма Русеф, е на четвртото место, а зад неа е директорката на ММФ, Кристин Лагард.

Најмоќни жени на светот

Поранешниот државен секретар на САД, Хилари Клинтон, е на шестото место, додека на седмото место е директорката на General Motors, Мери Бара.

Хилари Клинтон

Првата дама на САД, Мишел Обама, е осма по ред на листата.

Од славните дами од шоу-бизнисот, Бијонсе и Опра Винфри влегоа во топ 20. Опра застана на 14. место, а Бијонсе на 17. место.

Опра и Бијонсе

На листата се и Софија Вергара (32. место), Ана Винтур, главната уредничка на „Вог“ (39. место), Елен Деџенерис (46. место), Анџелина Џоли (50. место), Шакира (58. место) и Лејди Гага (67. место).

Анџелина Џоли

Рангирањето на најмоќните жени било извршено според влијанието кое го имаат, сумата пари кои ја заработиле или ја контролираат и присуството во медиумите.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 10%
  • 26%
  • 64%
Се испраќа...

(Вкупно: 10402 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.