Почетна » Новости » Шоу-бизнис » Forbes: Најмоќни жени на светот за 2015

Forbes: Најмоќни жени на светот за 2015

Ангела Меркел повторно ја присвои титулата најмоќна жена на светот. Германската канцеларка е на самиот врв на листата со влијателни жени која ја составува списанието „Forbes“.

Угледната политичарка во изминативе 12 години се има појавено на листата на „Forbes“ 10 пати, а 9 пати била на позиција број 1.

Ангела Меркел

Хилари Клинтон, која има големи шанси да стане претседател на САД, е на второто место, а веднаш зад неа е сопругата на Бил Гејтс, Мелинда Гејтс.

Најмоќни жени 2015Најмоќни жени 2015

Четвртото место ѝ припадна на Џенет Јелен, претседателката на Управата на федералните резерви на САД, додека на петтото место е директорката на General Motors, Мери Бара.

Директорката на ММФ, Кристин Лагард, е на шестото место, а претседателката на Бразил, Дилма Русеф на седмото.

Од славните дами во шоу-бизнисот, Опра Винфри е на 12. место, а Бијонсе на 21. место. Главната уредничка на „Vogue“, Ана Винтур, е на 28. место.

Опра и Бијонсе

На листата се и Елен Деџенерис (50. место), Анџелина Џоли (54. место), Софија Вергара (57. место), Тејлор Свифт (64. место) и Шакира (81. место).

Анџелина Џоли

Целосната листа можете да ја погледнете тука.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 10%
  • 26%
  • 64%
Се испраќа...

(Вкупно: 9522 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.