Почетна » Новости » Шоу-бизнис » Forbes: Најмоќни жени на светот за 2013

Forbes: Најмоќни жени на светот за 2013

Германската канцеларка Ангела Меркел е прогласена за најмоќна жена на светот за 2013 година според списанието Forbes. Во изминативе десет години, Меркел осум пати се појавува на листата „100 најмоќни жени“, а седум пати застанува на првото место.

Ангела МеркелАнгела Меркел

На второто место на листата е претседателката на Бразил, Дилма Русеф, додека третото место ѝ припадна на сопругата на Бил Гејтс, Мелинда Гејтс.

На четвртото место е првата дама на САД, Мишел Обама, а веднаш зад неа е поранешниот државен секретар на САД, Хилари Клинтон.

Мишел ОбамаМишел Обама

Од славните дами од шоу-бизнисот, Бијонсе и Опра Винфри влегоа во Топ 20. Опра застана на 13. место, а Бијонсе се искачи до 17. место.

Опра и БијонсеОпра и Бијонсе

Анџелина Џоли, која во последната година ја интензивира соработката со УНЦХР е на 37. место, а веднаш зад неа е актерката Софија Вергара.

Анџелина ЏолиАнџелина Џоли

Главната уредничка на американскиот Вог, Ана Винтур, е на 41. место, додека пејачката Лејди Гага е на 45. место.

На листата се и Елен Деџенерис (51. место), Шакира (52. место) и Жизел Бундхен (95. место).

Лејди ГагаЛејди Гага

Рангирањето на најмоќните жени било извршено според влијанието кое го имаат, сумата пари кои ја заработиле или ја контролираат и присуството во медиумите.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 11%
  • 25%
  • 63%
Се испраќа...

(Вкупно: 10614 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.