Почетна » Новости » Мода » ФОТО: Кендис во градник на VS од 10 милиони долари

ФОТО: Кендис во градник на VS од 10 милиони долари

Кендис Сванапул ја доби честа оваа година да го носи градникот од фантазиите на Victoria’s Secret.

„Royal Fantasy Bra“ е изработен од 18-каратно злато врз кое се поставени повеќе од 4.200 скапоцени камења, меѓу кои рубини, дијаманти и жолти сафири. Во центарот на градникот стои 52-каратен рубин во форма на круша. Цената на блескавата креација е 10 милиони долари.

Кендис Сванапул

„Никогаш не сум носела нешто толку скапо и мораше да носиме ракавици кога го стававме. Градникот доаѓа со двајца телохранители“ – изјавила Кендис.

Минатата година Алесандра Амбросио ја носеше најскапата креација на шоуто – градникот од 2,5 милиони долари.

Алесандра Амбросио минатата годинаАлесандра Амбросио минатата година

Познатиот бренд за долна облека секоја година изненадува со по еден мултимилионски градник со скапоцени камења. Погледнете ги луксузните градници со кои воодушевуваа ангелите.

Миранда KерАдријана ЛимаМариса МилерАдријана ЛимаСелита ИбенксКаролина КурковаЖизел БундхенТајра БенксХајди КлумКаролина КурковаХајди КлумЖизел Бундхен

2011

Вечерва на новото шоу на Victoria’s Secret Миранда Kер ќе го носи градникот „Fantasy Treasure“, кој чини 2,5 милиони долари, а е изработен од 3.400 скапоцени камења.

2010

Адријана Лима блескаше на пистата со градникот „Bombshell Fantasy“ од 2 милиони долари, 3000 бели дијаманти, светло сини сафири и овални топази.

2009

Мариса Милер ја имаше честа да го презентира градникот „Harlequin Fantasy“. Накитен со 2350 мали дијаманти и голем 16-каратен дијамант во форма на срце, беше објавено дека градникот чини 3 милиони долари.

2008

Адријана Лима во 2008 година зачекори на ревијата на VS со градникот „Black Diamond Fantasy Miracle“, кој вреди 5 милиони долари.

2007

Селита Ибенкс го носеше градникот „Holiday Fantasy“, изработен од дијаманти, рубини, смарагди и жолти сафири во вредност од 4,5 милиони долари.

2006

Каролина Куркова го презентираше градникот „Hearts On Fire Diamond Fantasy“, проценет на 6,5 милиони долари.

2005

Жизел Бундхен во 2005 година го презентираше градникот „Sexy Splendor Fantasy“, вреден 12,5 милиони долари.

2004

Тајра Бенкс беше моделот кој го облече градникот „The Heavenly "70" Fantasy“ со 3.000 дијаманти, вреден 10 милиони долари.

2003

Хајди Клум го покажа градникот „Very Sexy Fantasy“, вреден 11 милиони долари.

2002

Каролина Куркова го носеше градникот „Star of Victoria Fantasy“, кој беше проценето дека вреди 10 милиони долари.

2001

Хајди Клум пред 10 години на ревијата на VS го презентираше градникот „Heavenly Star“, вреден 12,5 милиони долари.

2000

Најскапото за на крај... Во 2000 година Жизел Бундхен ги претстави градникот и гаќичките „The Red Hot Fantasy“ од 15 милиони долари.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11082 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.