Почетна » Новости » Мода » ФОТО: Миранда Кер во градник од 2,5 милиони долари

ФОТО: Миранда Кер во градник од 2,5 милиони долари

Познатиот бренд за долна облека Victoria’s Secret ја избра својата специјална девојка за оваа година на којашто ѝ припадна честа да го носи градникот од фантазиите. Миранда Кер ќе блесне sо градникот Fantasy Treasure Bra и во каталогот Christmas Dreams & Fantasies и на шоуто на Victoria’s Secret.

Миранда Кер во милионскиот градникМиранда Кер позира во милионскиот градник

Градникот чини 2,5 милиони долари и е изработен од 3400 скапоцени камења, кои се поставувани рачно. Меѓу нив има 142 карати од бели и жолти дијаманти, бисери и аквамарини, кои се прицврстени со 18-каратно бело и жолто злато. Во центарот има два бели дијамантa, секој од по 8 карати, и два 14-каратни жолти дијамантa.

Миранда оваа година повторно ќе зачекори на шоуто на Victoria’s Secret. Таа минатата година направи пауза затоа што беше бремена со првото дете и признава дека враќањето на пистата за познатиот бренд е специјален момент во нејзиниот живот.

„Многу е специјално. Сега се чувствувам подобро отсекогаш. Се чувствувам поздраво од кога било. Беше прекрасно што имав малку слободно време по раѓањето на Флин, но сега се враќам во ритамот на работите и тоа навистина е добро. Се чувствувам како повеќе од милион долари. Се чувствувам како 2,5 милиони долари“ – се пошегувала Кер во интервју за People.

Victoria’s Secret секоја година создава по еден луксузен градник. Минатата година Адријана Лима го носеше градникот Bombshell Fantasy, вреден 2 милиони долари.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 11%
  • 25%
  • 63%
Се испраќа...

(Вкупно: 10615 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.