Почетна » Новости » Мода » ФОТО: H&M со дебитантска колекција на Париската недела на модата

ФОТО: H&M со дебитантска колекција на Париската недела на модата

H&M за првпат презентираше своја колекција во рамките на Париската недела на модата. Познатиот шведски моден бренд ја прикажа колекцијата есен 2013.

Чизми до колена, крзнени палта, елегантни наметки, туники, проѕирни здолништа... Шоуто беше микс од елеганцијата на Кетрин Денев и бохо шармот на Џејн Биркин. „Кога започнавме да размислуваме за оваа колекција, зборувавме за драма – модерна драма“ – изјавила Ен-Софи Јохансон, раководителка на дизајнерскиот тим на H&M.

Последната ревија на H&M се одржа пред осум години во Њујорк. „Сакаме да ги изненадуваме клиентите со нашите колекции, но и со различни соработки. Помина долго време откако последен пат презентиравме наша мода на модно шоу и сметаме дека ова е одличен начин да ги изненадиме и инспирираме клиентите и фановите од целиот свет“ – дополнила Јохансон.

Колекција на H&M Колекција на H&M
Колекција на H&M Колекција на H&M
Колекција на H&M Колекција на H&M
Колекција на H&M Колекција на H&M
Колекција на H&M Колекција на H&M
Колекција на H&M Колекција на H&M
Колекција на H&M Колекција на H&M
Колекција на H&M Колекција на H&M
Колекција на H&M Колекција на H&M
Колекција на H&M Колекција на H&M
Колекција на H&M Колекција на H&M

Видео

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 10%
  • 26%
  • 64%
Се испраќа...

(Вкупно: 9505 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.